СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто
Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести.
Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година.
Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението.
Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107,500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа.
Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.
Ново на Сител
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум