СВР Велес: 10 повредени во судирот кај „Порцеланка“
Кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, во 12.01 часот, се случи сообраќајна незгода меѓу воз на Македонски Железници и такси возило - комбе „мерцедес“, сопственост на такси компанија од Чашка, информира портпаролот на СВР Велес, Ристо Самарџиев за Прес 24.
„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило - комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, изјави Самарџиев.
Според официјалните информации на полицијата, во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
