-->
-->
Свлечиште создаде дупка на улица во Њујорк
-->

На една од улиците во американскиот град Њујорк денеска се појави дупка, која уништи дел од коловозот.
Како што објавија американските медиуми, дупката, што се појавила во квартот Сансет Парк во Бруклин, е предизвикана од т.н. карстна јама, која настанала поради лизгање на земјиштето.
Дупката е со широчина од седум метри и длабока во „висина на просечен човек“.
Нема информации за жртви при појавата на дупката.
Карстните јами се природни појави и можат да бидат со различни големини. Една од најголемите познати вакви јами во мај 2010 година, „проголта“ трикатна зграда во Гватемала. Дупката се појави по обилни врнежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
