Светските медиуми за првиот круг од претседателските избори во Франција
Резултатите од првиот круг од претседателските избори во Франција се „одраз на политичката поделеност на земјата“, објави британскиот весник „Гардијан“, додека „Тајмс“ констатира дека француската „елита е понижена“.
- Закана од екстремната десница во Франција и натаму постои, пишува „Гардијан“, истакнувајќи дека Емануел Макрон е „најдобра надеж за оваа исклучителна земја, оптоварена со проблеми“.
„Фигаро“ под насловот „Нокаут за десницата“ се фокусира на неуспехот на Франсоа Фијон, а „Либерасион“ очекува дека Макрон е се поблиску до функцијата претседател.
„Фајненшл тајмс“ предвидува дека на 7 мај, кога се одржува вториот круг, ќе биде денот на „крунисување“ на Макрон.
Под насловот „Поделена Франција“’, германскиот „ФАЗ“ укажува дека повеќе од 40 отсто од гласачите им дале доверба на крајната десница или крајната левица.
„Шпигл“ објавува наслов „Желбата на Франција за обнова“ и исто така се занимава со високиот процент гласови, кои отишле на партиите, кои се против естаблишментот. Сепак германскиот неделник предвидува победа на Макрон.
Полскиот „Газета виборча“ изразува олеснување што шансите за излегување на Франција од ЕУ се намалиле, откако анкетите предвидуваат дека Макрон во вториот круг ќе ја победи Ле Пен.
- ЕУ треба да преживее развод од Британија, кој само што почна. Но Фрегзит би го погребал европскиот проект, тоа е она што лидерот на Националниот фронт, Марин ле Пен го најави, наведува полскиот весник.
Шпанскиот „Паис“ во воведниот дел под насловот „Надеж за Макрон“ нагласува дека успехот на младиот центрист „укажува на патот, што треба да го следат традиционалните партии ако сакаат повторно да се поврзат со своите гласачи“.
Ново на Сител
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро