Светскиот трговски центар во Њујорк повторно ги отвора своите врати

Молот на њујоршкиот Светски трговски центар повторно е отворен, 15 години по терористичките напади од 11 септември 2001, кога Ал-Каеда ги урна Кулите близначки.
Над 100 трговски објекти се отвораат на големата површина на трговскиот центар. Барем 60 отсто од нив отворањето го имаа вчера - од фирми за современа техничка опрема како „Епл“, модни брендови како „Ејч енд Ем“, па се до угостителски објекти како „Итали“.
Како што јавува Си-Ен-Би-Си, трговскиот центар (СТЦ) е во голем дел под земјата, но светлината се спроведува преку надземна структура, којашто ја проектираше архитектот Сантијаго Калатрава, и која има облик на бел гулаб. Структурата е наречена „Окулус“.
Трговскиот комплекс е поврзан на транспортна мрежа од 13 линии на подземна железница и фериботи, која секој ден превезува повеќе од 300.000 луѓе. Во реонот на Менхетн, во којшто пред 15 години се наоѓаа кулите близначки на СТЦ, беа изградени нови облакодери, и денес таму живеат 60.000 жители, што е три пати повеќе отколку пред 11 септември 2001.
Претходниот СТЦ беше еден од најуспешните во светот, но работеше само во работните денови и преку ден, додека за новиот се очекува да работи 24 часа, седум дена седмично.
Холдингот Вестфил е одговорен за одржувањето на објектите, а самиот плац е сопственост на пристанишните власти на Њујорк и Њу Џерси. Мерките за безбедност сега се на далеку повисоко ниво. Неуниформирани полицајци и приватни телохранители ќе се грижат за сигурноста на посетителите.
Во целиот овој проект беа инвестирани 1,4 милијарди долари. Според познавачите, приходите од молот, за една година може да достигнат до една милијарда долари.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
