-->
-->
Светскиот шаховски првак Карпов во кома
-->
Поранешнито светски шаховски првак Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва.
Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.
„Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.
71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија