Светски ден за борба против Сида: 506 лица живеат со ХИВ/СИДА во Северна Македонија
Во светот и кај нас денеска се одбележува 1 Декември – Светскиот ден на СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.
Во билтенот за заразни болести од 9 ноември годинава ИЈЗ објави дека во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА.
Анализата на научниците од универзитетот, објавена вчера во списанието „Наука“, покажа дека пациентите заразени со „ВБ варијантата“ имале 3,5 до 5,5 пати повисоки нивоа на вирус во крвта од л
Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека лицата се на возраст од 25-54 години, а три лица се од машки пол. Две од пријавените лица се регистрирани од Кочани, додека другите во останатите градови. Во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се по две лица со хетеросексуална трансмисија и од МСМ популацијата. Во текот на месец октомври, регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА, еден смртен случај на лице пријавено во 2022 и еден смртен случај од новорегистрираните лица во месец октомври 2023.
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ - Скопје, и годинава организира активности за подигнување на свесноста за ХИВ-инфекцијата. За таа цел, Здружението пром
Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ и Платформата на граѓанските организации што спроведуваат програми за превенција и поддршка во врска со ХИВ, по повод 1 Декември – Светскиот ден на СИДА организира конференција за медиуми на која свои обраќања ќе имаат Андреј Сених, извршен директор на Здружението, Елизабета Божиноска, В.Д. директорка на ХЕРА и Хајди Штерјова Симоновиќ, извршна директорка на Здружение ХОПС.
Постарите луѓе во Кина станаа најбрзо растечката група заразени со ХИВ во земјата откако бројот на нови случаи на СИДА кај мажи на возраст од 60 години и повеќе се зголеми за петпати во перио
Говорниците ќе се осврнат на напредокот на Република Северна Македонија во справувањето со епидемијата на ХИВ во споредба со светот, вклучувајќи ги и актуелните епидемиолошки податоци, пристапот до терапија за пациентите со ХИВ-инфекција, како и финансирањето и одржувањето на програмите за превенција, кои во минатото резултираа со спречена епидемија меѓу лицата што инјектираат дроги и одржување на ниско ниво на епидемија во земјата.
Ново на Сител
-
Јанев: Полицијата е првата линија на одбрана на сообраќајната култура
-
За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан