-->
-->
Светската лига за Франција!
-->

Репрезентацијата на Франција е победник на Светската лига во одбојка откако попладнево убедливо со 3-0 (25-19,25-21 и 25-23) ја совлада Србија и со тоа за првпат го освои овој престижен трофеј во светската одбојка. Мечот траеше само 88 минути и мина во солидна игра на Французите и многу грешки особено во приемот на српската селекција.
Франција претходно има финале од 2006г кога го освои второто место додека на Србија ова и беше четврто учество во финалето во кое е поразена.
Третото место го освои селекцијата на САД која беше подобра во малото финале со 3-0 од Полска.
Завршниот турнир се одигра во Рио де Жанеиро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
