Свекрва ја избоде снаата со нож - И пречело што има секс со нејзиниот син
Даница Илиќ ја избодела својата снаа Станислава синоќа во семејната куќа во Лазаревац, бидејќи верувале или не, и пречело што спие со син и! Хоророт во Лазаревац се случил додека Станислава водела љубов со својот сопруг. Во тој момент свекрвата се разбеснила, земала кујнски нож и ја избодела снаата со него. За среќа, денеска таа е надвор од животна опасност.
Синот на Даница вели дека неговата мајка и сопруга често се карале, но дека не очекувал вакво нешто.
- Бев да земам дрва кога слушнав викање. Влегов дома и ги видов како се расправаат, а мајка ми држеше нож. Станислава имаше крвава рака. Мајка ми ја прободе со ножот по лицето, вели тој за српскиот Курир.
Сопругот вели дека од мајка си немал мир. Таа неколку пати им влегувала во соба додека имале односи и најчесто кавгите биле за тоа.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот