Свечено отворени ЗОИ во Пјонгчанг

Дваесет и третите Зимски олимписки игри почнуваат денеска во јужнокорејскиот град Пјонгчанг и се прогласени за најстудени во историјата, пренесува Би-би-си. За политичкиот свет ова е исклучителен момент, тоа што на Олимпијадата учествува и Северна Кореја. Паралелно со спортските натпревари во Пјонгчанг, оддалечен само 80 километри од добро чуваната граница со Северна Кореја, ќе се одвиваат и низа политички настани иако сè уште постои нелагодност поради потенцијалната нуклеарна војна во тој регион, пренесуваат светските медиуми.

Пред само неколку недели Северна Кореја му се закануваше на својот јужен сосед со војна, што всушност го прави многу долго време, oд нивниот меѓусебен конфликт, што е еден од најкрвавите во 20 век. Севернокорејската делегација ја предводат сестрата на лидерот, Ким Џонг-ун, и внуците на човекот кој во 1950 година нареди инвазија на нивниот јужен сосед.
Во Пјонгчанг ќе претстоујва и американскиот потпретседател Мајк Пенс со делегација.
На Олимпијадата пријавени за настап се 2.925 спортисти и повеќе од 3.500 официјални лица од 92 земји. Најмногуброен тим ќе има САД со 242 олимпијци, втора е Канада со 226, а трета, која е и најмногубројна во Европа, е Швајцарија со 169 олимпијци.
Од поранешните југословенски републики, најброен тим има Словенија 71, втора е Хрватска со 19, Србија и Босна и Херцеговина ќе имаат по четворица претставници, Македонија и Црна Гора по тројца, а дебитантот Косово ќе има еден.
Македонските претставници се: Антонио Ристевски, Ставре Јада и Викторија Тодоровска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
-

Муцунски: Во Западен Балкан сè уште постојат безбедносни ризици, регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО
-

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
-

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија
-

Студентите во блокада во Србија организираат протест во Белград
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
