Свечен дочек и протести по повод посетата на кинескиот претседател на Прага

Кинескиот претседател Си Џинпинг се наоѓа во прва официјална посета на Чешка и освен свечените политички делегации, на улиците го пречекаа и симпатизари и противници на кинеската делегација, јави дописникот на МИА.
Главниот чешки град е обезбеден од голем број припадници на полицијата и војската.
Освен официјалните знамиња на кинеската држава, низ Прага се веат и тибетски знамиња, поставени од поддржувачите на независноста на Тибет, кои се собраа да го покажат своето незадоволство од посетата на високата кинеска делегација.
Заради безбедносни причини, не е соопштено каде ќе престојува Си.
Тој ќе биде примен од претседателот на државата Милош Земан, а утре е планирана уште една нивна средба, како и билатерални состаноци со претседателот на Сенатот, на Собранието и премиерот.
Во среда ќе биде оддржан економски Форум на кој ќе учествуваат чешки и кинески инвеститори.
- Кина има специјални договори за взаемни односи со повеќе европски земји, потенцира премиерот Бохуслав Соботка ставајќи акцент на важноста на зголемување на кинески инвестиции во земјата.
Претседателот Земан пак, изјави дека претходната десничарска Влада била „свртена кон САД и ЕУ, по што дошло до заладување на чешко-кинеските односи“.
- Сега сме повторно независна земја и ја создаваме надворешната политика, која е базирана на нашиот основен народен интерес, истакна Земан.
Но, некои политичари поинаку гледаат на работите.
- Економската размена е важна, културната и туристичката исто така, но не и продажбата на вредностите за некакви краткоточни прагматични цели, коментираше министерот за култура во коалициската Влада, Даниел Херман.
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
