-->
-->
Суперсоничниот „Бладхаунд” надмина брзина од 800 км/ч
-->
Суперсоничниот автомобил „Бладхаунд” (ловечко куче) успеа во фаза на тестирањата да ja пробие бариерата од 800 километри на час. Но, целта е многу поголема брзина.
На тестирањата во Јужна Африка, возилото достигна брзина од 806,3 километри на час. Овој специјален автомобил со млазен мотор позајмен од воениот авион „Јурофајтер тајфун” до рекордот го доведе Енди Грин, возачот кој со, исто така – специјално направениот „Траст СХЦ“ уште пред 22 години го постави и сега важечкиот рекорд од 1.228 километри на час.
Проектот „Бладхаунд” има за цел – создавање пософистициран ракетен мотор уште во наредната 2020 година.
Следната цел на конструкторската екипа е брзина од 1.000 милји на час, односно 1.609 километри на час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини