Сугарески: Сконцентрирани сме на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицфирањето ќе се одлучува по изборите
Фокусот на СДСМ во моментот е на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицирањето ќе се одлучува по изборите, изјави денеска министерот за транспорт и врски и член на владеачката СДСМ Горан Сугарески.
-Знаете дека Процесот и на Рамковниот договор е кога е СДСМ на власт, заеднички процес, а и на Преспанскиот договор. Ние сме сконцентрирани сега на тоа што на 12 април да се случат демократски избори на кои што убеден сум СДСМ ќе победи. Во делот на коалицирањето ќе се случува после тоа, кажа Сугарески на прес конференција запрашан дали повторно се отвара патот за коалицирање на СДСМ со актуелниот коалициски ДУИ по изјавата дадена синоќа од лидерот Али Ахмети.
Ахмети на Четвртиот Конгрес на ДУИ одржан синоќа во Скопје порача дека се подготвени за коалиција со оној кој ќе ги почитува Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор, кој заедно со Договорот за добрососедство со Бугарија ги посочи како затворени прашања кои обезбедуваат посигурна иднина на РМ.
-Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери, кажа Ахмети.
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања