Сугарески и Бектеши на увид во изградбата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар
Министрите за транспорт и врски и за економија Горан Сугарески и Крешник Бектеши и директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи денеска ќе извршат увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.
Тие ќе ја посетат трасата на гасоводот во Тетово, во близина на село Фалише.
Гасоводот е проектиран со должина од 86 километри, како трет дел од Проектот за изградба на националниот гасоводен систем. Проектот е проценет на околу 30 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени преку кредит од германската Дојче банк и Ерсте група.
Со буџетот на Министерството за економија за 2020 година за гасификација се предвидени 120 милиони денари. Под надлежност на овој ресор со измените на Законот за енергетика од следната година преоѓа АД Национални енергетски ресурси, коешто е надлежно за изградба на гасоводниот систем.
Ново на Сител
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина