Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без сензационализам, со почит кон жртвите и нивните семејства.
Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
МИА
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
