Судири меѓу демонстранти и полицијата во Париз
Француската полиција во Париз се судри со повеќе стотици демонстранти кои се собраа во знак на поддршка за бегалците, и покрај забраната за собирања во текот на вонредната состојба што Франција ја воведе по терористичките напади во француската престолнина, јави Танјуг.
Протестот беше завршен кога припадниците на специјалната полиција употребија бибер спреј и палки против демонстрантите кои тргнаа од Бастиља кон Плоштадот на републиката.
Локалната полиција ги информира организаторите дека доколку не се откаже собирот тие ќе се соочат со казна од шест месеци затвор, но демонстрантите ја игнорираа забраната за собирање, наведува „ Раша тудеј“.
Собирот почна кај Бастиља, а судирите со полицијата избија кога демонстрантите тргнаа кон Плоштадот на републиката, што набрзо беше блокиран од полицијата.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце