Судири меѓу демонстранти и полицијата во Киев
Демонстрантите, кои организираат протести со барање да се стави крај на корупцијата во Украина, денеска се судрија со полицијата во кампот со шатори пред зградата на Парламентот во Киев.
Според некои локални медиуми, полицијата употребила и солзавец за да се растера толпата.
Демонстрантите поставија повеќе од 50 шатори за долготрајни демонстрации, поттикнати од обвинувањата за вкоренета корупција во украинската власт.
Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека кампот бил нападнат од украинските специјални сили.
Пред Парламентот денеска претпладне останале околу 500 лица, откако на вчерашниот протест против корупцијата, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите побараа формирање на специјален суд кој ќе биде задолжен само за справување со корупцијата и повика пратениците во Димата да немаат имунитет од кривично гонење.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости