Суданските активисти го отфрлаат предлогот за поделба на власта со војската, повикувајќи на протести
Суданското продемократско движење ги отфрли иницијативите на меѓународните посредници за враќање кон договорот за поделба на власта со војската, по воениот преврат изведен минатиот месец, и најави дводневен штрајк низ целата земја, што ќе почне од денеска.
Движењето повика на воспоставување цивилна влада, која ќе ја предводи демократската транзиција, пренесе Бета.
Повикот е упатен откако лидерот на главната политичка партија во земјата го обвини военото раководство дека преговара со лоша намера.
Суданската армија ја презеде власта на 25 октомври, распуштајќу ја преодната администрација и апсејќи голем број владини претставници и политичари. Воениот пуч предизвика меѓународна осуда и масовни протести во Картум и во другите градови.
Пучот ја загрозува суданската транзиција кон демократија, почната во 2019, по соборувањето на долгогодишниот автократски лидер, Омар ал-Башир, после народното востание.
Меѓународната заедница ги забрзува напорите за посредување во изнаоѓањето излез од кризата, што се заканува уште повеќе да го дестабилизира веќе немирниот регионот на Рогот на Африка.
Здружението на судански професионалци, кое ги предводеше протестите против Ал-Башир, во петокот доцна вечерта соопшти дека посредничките иницијативи за “барање ново решение“ меѓу воените и цивилните лидери „ја репродуцираа и ја влошија кризата во земјата“.
Здружението вети дека ќе продолжат со протестите додека не се воспостави целосна цивилна влада, која ќе доведе транзицијата.
Под мотото “Нема преговори, нема компромис, нема поделба на власта”, здружението, кое е присутно во сите делови на земјата, за денеска и утре повика на штрајк и граѓанска непослушност.
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
