Студентите по медицина бараат бесплатна вакцинација против Хепатитис Б
Здружението на студенти по медицина – ЗСМ до Министерството за здравство достави петиција со кое бара бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина против Хепатитис Б вирусот.
Како студенти по медицина секојдневно сме во контакт со различни видови инфективен материјал, присуствуваме на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите, така и за останатите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на владата на РМ како и на Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина. Ваквиот ризик директно влијае и на квалитетот на наставата. Невакцинирањето на студентите по медицина кои слушаат клинички предмети е на штета на практичната настава која се одвива на медицинските факулетети во државата, поради стравот на студентите за земање активно учество, велат од Здружението.
Петицијата е поддржана од Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА Македонија, Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА и Факултетското студентско собрание на Медицински факултет – Скопје.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата