Студентите кршеа прозорци на Министерството за образование во Тирана
Протестот на студентите пред Министертвото за образование во Тирана мина тензично, со кршење прозорци на објектот и фрлање димни бомби.
Според организаторите на протестот тие имаат 14 барања до министерството и денека доставиле пет од нив за кои нема преговарање.
Тоа се укинување на Законот за високо образование, квалитетно образование за сите млади преку обезбедување на финансиска поддршка за двата студиски циклуси, рангирање на програмите според најдобрите современи модели, поголема застапеност на студентите во раководните структури на Унверзитетите, како и вистинска автономија на високообразовните институции.
-Ова е симболичен протест, но и порака што треба да преземе Министерството за образование за да ги исполни барањата, бидејќи утре ќе бидеме многу повеќе и нема да седиме како во декември, порачаа студентите.
Во декември минатата година, студентите започнаа големи протести пред Министерството, кои траеја до февруари,со кус прекин за време на новогодшните и божиќните празници. Тие бараа пониски тарифи и подобрени услови на универзитетите и студентските домови.
На протстот на студентте им се прклучија и рудари.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори