Студенти од ЕСРА во посета на институции од културата во Долна Нормандија

Во рамки на програмата за културна соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија, студенти од различни катедри на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА, Европска филмска театарска и Танцова академија, од 1-ви до 6 декември се во посета на институции од културата во Нормандија.
Студентите по фотографија од класата на проф. Роберт Јанкуловски со нивните колеги од Куќата на аудиовизуелните уметности од Нормандија приредија изложба во Градската библиотека во Каен, која е поглед на денешната, млада генерација во Франција и Македонија, на 100-годишнината од Првата светска војна.
Студентите по актерска игра од класата на проф. Рубенс Муратовски приредија музичко-поетски спектакл во театарот „Хипоком" во Каен, инспирирани од творештвото на македонските писатели, а посветено на Првата светска војна.
Во антологискиот избор се застапени поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.
- Овој тригодишен проект, кој првата година се одвиваше на тема фотографија, втората година на тема книжевност, третата година ќе биде посветен на француската и македонската кинематографија и нивната поврзаност со Првата светска војна. Проектот се остварува со ангажман на Канцеларијата на АЛДА во Скопје. Автори на тригодишниот проект се Константин Плевнеш и Илина Мангова, соопшти ЕСРА.
Ново на Сител
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
