Струшкиот суд останува без судија кривичар

Основниот суд во Струга останува без судија кој ќе суди потешки кривични дела, а од почетокот на идната година ќе остане само со двајца судии, информира претседателот на судот Ифет Бајрамоски.
Во овој суд, иако по систематизација предвидени се 15 судии, во моментов има шестмина заедно со претседателот. Но, од први октомври единствениот кривичен судија за најтешките кривични дела ќе оди во пензија и нема кој да го замени.
- Од оваа постоечка гарнитура, еден судија постапува на претходна постапка, по прекршочни предмети, како судија за деца и за извршување санкции, други двајца судии постапуваат на граѓанска материја од кои едниот постапува и по стечајни предмети, а другиот на парнични и вонпарнични предмети. Третиот постапува на прекршочни и кривични предмети. Во потешки ситуации кога е поднесен кривичен акт за потешки кривични дела над пет години еден судија што постапува на претходна постапка треба да постапува и кривичен совет за оценка на обвинителен акт тоа се тројца судии. Моментално тројца и еден ако постапува на претходна постапка тоа се четворица судии и нема кој да постапува понатака за тој кривичен предмет, појасни Бајрамоски.
Според него, имало ситуации кога Судот во Струга неможел да постапува по кривични предмети и отстапувал да интервенира повисокиот Апелациониот суд во Битола, кој делегира друг суд од нашето апелационо подрачје да постапува.
- Во најчест случај тоа е Основниот суд во Охрид, постапува за потешките кривични дела. Таков случај веќе имаме, ние неможеме да постапуваме со оглед дека сите судии постапувале во одреден период по тој кривичен предмет и се отстапува на постаупување на друг суд, додаде претседателот на Основниот суд во Струга.
Состојбата, според Бајрамоски, уште поалармантна ќе стане од почетокот на идната година, кога ќе останат само двајца судии. Судскиот совет веќе делегирал двајца судии од Основен граѓански суд од Скопје, но тие поднеле приговор до Врховен суд и во тек е постапка за оцнеување на приговорот. Тие нема да можат да постапуваат по сложени предмети, како граѓански така и кривино. Судот ќе остане без кривичен судија.
- Судскиот совет ќе мора да делегира поискусен судија што ќе постапува за потешките кривични дела, односно судија кривичар, нагласи Бајрамоски.
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
