Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Модерен екран на допир во нов автомобил може да изгледа како врв на луксузот. Но, некои стручњаци предупредуваат дека тоа може да доведе во сериозна опасност, бидејќи пренасочувањето на вниманието во миг на возење е можеби поризично и од користењето телефон зад воланот.
Истражувањата, имено, укажуваат дека времето на реакција на возачот се влошува за над 50 отсто додека „го чепкаат“ екранот пред себе. Ова, секако, има влијание врз концентрацијата, а потоа и на безбедноста, се согласува д-р Милад Хагани – професор од областа на безбедноста на австралискиот Универзитет во Мелбурн.
– Ова е опасна комбинација и сигурен начин за значително ниво на одвлекување на вниманието. Ако говориме за одвлекување на вниманието, тука има три различни категории: визуелно, рачно и когнитивно. Во суштина, возачот може да ги тргне очите од патот, рацете од воланот, мислите од задачата за возење или некоја комбинација од тие три потези. Екраните на допир се особено опасни затоа што ги имаат сите три елементи на одвлекувачкиот стимул, изјави д-р Хагани.
Барањата за безбедност на автомобилите вообичаено се сосредоточени на побезбедни возила. Сепак, и наједноставната човечка грешка сè уште има значајна улога во огромниот број несреќи. Имено, корисникот мора да го погледне екранот, да го прочита менито, па ги користи и рацете за да се допрат вистинските опции и – да размисли што да одбере од нив. Важно: Екраните на допир бараат и одредено времетраење на гледањето на опциите.
Д-р Хагани смета дека, во таа смисла, телефонот и копчињата за притискање се помалку опасни од екранот на допир.
– Тие бараат само рачно одвлекување на вниманието – тргање на раката од воланот, но дозволува да ги држите очите на патот и без потреба од долги, одржливи периоди на контакт со очите. Возачите брзо ја учат и усвојуваат таа мускулна меморија потребна за интеракцијата за копчиња и рачки, па потоа можат ракуваат со нив, помнејќи каде тие се наоѓаат. Екраните ги лишуваат возачите од таа корисна употреба на мускулната меморија. На возачите им треба пристап до такви копчиња или рачки коишто полесно се ракуваат, дури и ако се вклучени во функциите на екранот на допир – т.е. на возачите треба да им се дадат и тие опции, вели научникот.
Според него, контролите за температура, бришачите на шофершајбната или звукот на радиото коишто вообичаено и постојано се прилагодуваат при возење, треба да бидат достапни без потребата да се тргне погледот на возачот од патот.
МИА
Ново на Сител
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
