Страшна сообраќајка во Лисиче - возач тешко повреден
Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на крстосницата кај улицата „Ѓорги Капчев“ во Лисиче.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од 46-годишниот М.Б. и „Пунто“ со кое управувал 21 годишниот Н.Т.
По судирот меѓу двете возила, „Пунтото“ продолжило да се движи и удрило во метална ограда со бетонски ѕид. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на „Пунтото“ и сопатникот, 32-годишниот М.Д. кое со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар.
Кај возачот се констатирани тешки повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување, додека сопатникот е полесно повреден и по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости