Страшна сообраќајка пред Прилеп: Две лица со тешки повреди во болница
Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера, во 17:10, часот на регионалниот пат Р1303 во Прилеп.
Како што информира денеска МВР, во несреќата А.Ф. (33) од село Црнилиште, управувајќи патничко возило „Опел Вектра“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот и се превртел.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ф., кој по укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Со тешки телесни повреди се здобила и сопаничката А.И. (36) од село Црнилиште која била пренесена и задржана во Медицинскиот центар Прилеп.
Со телесни повреди се здобило петгодишно девојче, кое било задржано на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Прилеп
Ново на Сител
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда