Балкан
22. јуни 2016 - 11:50

Страотно злосторство: Ја избодел бремената девојка па се фрлил од мост

Ноќеска во Банатски двор во општината Житиште се случи убиство и самоубиство.

Според неофицијалните информации, живото го загуби 18-годишна девојка која била бремена, а ја усмртил нејзиното поранешно момче, татко на детето стар 24 години.

Тој синоќа дошол по неа ја однел со возило под мостот преку каналот за влез во селото, каде ја избодел со нож. Потоа отишол на мостот и се фрлил под автомобил.

Злосторството се случило во текот на ноќта, а полицијата и истражен судија работат на расветлување на сите детали од ова злосторство.