-->
-->
Сторителот на сообраќајката кај Сити мол е приведен, ќе се утврдува дали бил под дејство на алкохол и опојни дроги
-->
По насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол сторителот е приведен и земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, соопшти МВР.
Како што соопшти МВР во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22).
Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.
Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло