Столтенберг замина на средба со Доналд Трамп во Белата куќа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во пресрет на прославата во врска со 70-тата годишнина од Алијансата. Предвидено е Столтенберг да се обрати пред американскиот Конгрес.
Состанокот со Трамп се одржува непосредно пред средбата на 3 и 4 април во Вашингтон на министрите за надворешни работи 29-те членки на НАТО и Република Северна Македонија ќе зборуваат за Русија, Авганистан и борбата против тероризмот.
Столтенберг најави обраќање во име на Алијансата на првиот ден од средбата.
За Столтенберг нема сомнеж дека НАТО има целосна поддршка од Трамп и покрај неговите контроверзни изјави и гласини дека тој би можел да ги повлече САД од Алијансата. Неодамна двајца поранешни американски амбасадори во НАТО оценија дека администрацијата на Трамп е „најголемата закана“ за Алијансата. Генералниот секретар, меѓутоа, ги отфрла таквите обвинувања.
Столтенберг посочи дека неговата увереност во посветеноста на НАТО е поттикната од изјавите на самиот Трамп кој во повеќе наврати изјави дека поддршката на САД останува голема, но и поради тоа што Алијансата ужива меѓупартиска поддршка кај Американците.
Тој оцени дека е „невозможно“ да се каже дека САД не се посветени на НАТО, со оглед на воените и финансиските инвестиции кои ги прават.
Трамп повеќепати ги критикуваше земјите членки на Алијансата поради ниската стапка која тие ја издвојуваат во нивните буџети за одбраната. До 2025 година САД очекуваат сите земји членки да издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за НАТО.
Ново на Сител
-

Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога и куршуми
-

Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот
-

Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
