Столтенберг предупреди да не се потценуваат Русите по украинското освојување на Херсон
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека и натаму останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на руската воена агресија врз земјата, предупредувајќи дека силата на Москва не треба да се потценува и покрај неодамнешните успеси на Киев на фронтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска го посети јужниот град Херсон, што беше ослободен во досега третото големо руско повлекување од почетокот на војната во февруари.
-Не треба да направиме грешка и да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржаа значителни капацитети, како и голем број војници, рече Столтенберг за време на заедничката прес-конференција со претставници на холандската влада во Хаг.
„Следните месеци ќе бидат тешки. Целта на Путин е да ја остави Украина оваа зима во студ и мрак. Затоа, мораме да останеме на курсот“, рече тој.
Следејќи ги коментарите на американскиот државен секретар Антони Блинкен, и Столтенберг денеска кажа дека Украина треба да одлучи кога и како сака да преговара со Русија за ставање крај на војната.
-Во моментов тие плаќаат највисока цена во загуба на човечки животи и штета врз земјата. Така што на Украина е да одлучи кои услови се прифатливи за неа, рече генералниот секретар на НАТО.
„Тоа што се случува околу масата е суштински поврзано со ситуацијата на бојното поле“, рече Столтенберг и додаде дека тоа што треба да се направи е да се поддржи Украина и да ја зајакнат за во одреден момент да има преговори.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД