Столтенберг организира средба за да ја убеди Турција за членството на Шведска во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска соопшти дека на 6 јули организира средба на високи претставници на Турција, Шведска и Финска, со цел да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара за членството на Шведска во Алијансата.
– Сега е време да се прифати Шведска како полноправна членка на НАТО, изјави Столтенберг.
Состанокот е последен обид на Столтенберг за Шведска да стане членка на НАТО на Самитот на Северноатлантската алијанса.
Министрите за надворешни работи, шефовите на разузнавањето и безбедносните советници од Турција, Шведска и Финска, која во април стана членка на НАТО, ќе учествуваат на разговорите во Брисел.
За членство во НАТО потребно е едногласно одобрување од сите земји-членки.
Турција ја обвинува Шведска дека е премногу мека кон групите кои Анкара ги обвинува дека претставуваат безбедносна закана, вклучително и курдски милитантни групи и поединци поврзани со обидот за пуч во Турција во 2016 година.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстром вчера изјави дека Стокхолм ги исполни сите услови што ги постави Турција за члнство во НАТО,
Билстром истакна дека со спроведувањето на новиот Закон против тероризмот, Шведска го исполнила последниот услов за влез во Алијансата, според трилатералниот договор меѓу Хелсинки, Стокхолм и Анкара.
Според Законот против тероризмот незаконски да се учествува во терористичка организација на кој било начин.
– Со ова го испочитувавме последниот дел од нашиот договор, посочи Билстром.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО по минатогодишната руска инвазија врз Украина, но нејзиното членство сè уште не е ратификувано од Турција и Унгарија.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
