Столтенберг негира дека НАТО планира бази во Црна Гора

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата не планира изградба на голема воена база во најновата членка Црна Гора.
Изјавата доаѓа откако еден од лидерите на црногорската опозиција Милан Кнежевиќ изјави дека НАТО наскоро ќе изгради две воени бази во Црна Гора.
- Секако постојат активности во Црна Гора, но тоа е затоа што Црна Гора не покани, бидејќи Црна Гора стана сојузник на НАТО. Нема да има никакви активности на НАТО, бази или постројки без согласноста на црногорската Влада. Тоа правило важи за сите членки на НАТО, изјави Столтенберг за српската агенција Танјуг.
Според Кнежевиќ, чија Демократска народна партија се противи на членството во НАТО, изјави дека една од овие бази требало да биде изградена на јадранскиот брег, а другата во планинскиот појас на Црна Гора.
Ново на Сител
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
