-->
-->
Столтенберг: НАТО не бара конфронтација со Русија, но ја смета за закана за безбедноста на членките
-->
НАТО не бара конфронтација со Русија, но ја смета за закана за безбедноста на земјите членки, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за германскиот весник „Билд ам зонтаг“, пренесе ТАСС.
„Самитот на НАТО во Варшава ќе се одржи во момент што има решаваачко значење за нашата безбедност“, посочува Столтенберг.
„Пред нас стојат непредвидливи закани и сложени предизвици, вклучувајќи ја и Русија, која е подготвена да употреби сила за да ги промени границите“, додаде генералниот секретар на НАТО.
Истовремено, тој забележува дека „студената војна е останата во минатото и таму треба да си остане“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот