Столтенберг: Ако се реши името НАТО ќе ја покани Македонија за членка
Ги поздравувам напорите за изнаоѓање решение, а ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, вели Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Навистина ги поздравувам напорите направени од двете страни, и од Скопје и од Атина, за да се обидат да најдат решение за прашањето за името. Го посетив Скопје пред неколку месеци, исто така разговарав со премерот Ципрас по мојата посета и ја поздравувам силната политичка поддршка за обидите за изнаоѓање решение на ова многу тешко и чувствително прашање. Но, ако прашањето за името се реши, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО, вели Столтенберг.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, генералниот секретар на НАТО говорејќи за проширувањето на Алијансата кажа дека вратата на НАТО останува отворена за нови членки, како што беше случај лани со Црна гора, а оваа година на самитот ќе се разгледаат кандидатурите на Босна и Херцеговина, на Грузија, но и на Македонија.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога