Стоилковски: Филипче му даде седум милиони евра државни тендери на човек кој гради заедничко здание на семејството на Филипче на атрактивна локација

Тендери од над 6 милиони и 700 илјади евра од здравството, има добиено градителот на овој објект, кој што е заеднички со семејството на министерот за здравство, Венко Филипче!
Оваа куќа во скопско Горно Нерези, во местото викано Рупе, соседите веќе ја викаат Касарната на Филипче.
Дали е можно, институциите да немаат ништо видено сомнително, тоа што од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче во министерството за здравство, вкупно 7 милиони евра од сметките на министерството за здравство и здравствените установи, завршиле на сметката на „Синерџи медикал“, компанија во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој што куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство.
Филипче уште и го потврдува тоа дека се познава со Филипов, ама не биле многу блиски пријатели. Па, колку блиски пријатели треба да бидат за министер да му даде 7 милиони евра државни тендери на човек со кој што гради заедничко здание на семејството на министерот на атрактивна локација во Скопје?
Нема тендер, нема корупциски скандал, нема рекетарски скандал да не е вмешано името на Венко Филипче, нема криминал со кој што не е запознаен Зоран Заев!
Седум милиони евра за две години и оваа „касарна“ на Водно се доволна причина за реакција на државните институции, доволен сомнеж за корупција, ова е последната исцицана капка пред излегувањето од министерството на Венко Филипче!
Токму затоа сега на ист таков шверцерско коруптивно рекетарски начин пред избори се турка закон кој што ќе им овозможи заштита и бегство од правда!
Нема криминал, нема пораз или нема измама зад која не стои Заев и криминалниот клан. Затоа на 12-ти април тешко ќе бидат поразени. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе!
Ново на Сител
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
