Стоилковски: Даваме 24 часа Шилегов да покаже документи за неговата зграда, во спротивно ќе поднесеме кривична пријава за дивоградбата
Срамно е бегањето и криењето на Петре Шилегов во врска со за семејната зграда - дивоградба!
Шилегов да не бега, има 24 часа да покаже документ, дозвола, платени комуналии во врска со зградата зад мене со градењето, реновирањето, доградбата на семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава.
Семејната зграда којашто ја гради Петре Шилегов е во урбанистичка четврт за која што нема валидна основа за толкава градба, цели два ката над дозволеното.
Шилегов со урбанистичкото дивеење го обезвреднува имотот на своите соседи, но и чесната работа на чесните градители!
Доколку Шилегов за 24 часа не покаже дозвола за градба, за реновирање или за надградба, соодветна на делото, одговорност мора да понесе општина Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам, кој што е надреден врз општинскиот молк.
Не смее да се дозволи вакво узурпирање на моќ, ваква злоупотреба, вакво дивеење и насилство од еден градоначалник на Скопје, па било тоа и да е Петре Шилегов!
Бегањето и криењето на Петре Шилегов не доликува на скопски градоначалник, туку на криминалец фатен на дело.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата