Стоилковски: Арсовска и Ковачевски да најдат решение за превозниците
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска ги повика премиерот Димитар Ковачевски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да се договорат иведнаш да најдат решение за приватните превозници се со цел хаосот во градот да прекине.
Тој обвини дека хаосот во градот е резултат на коалицијата на градоначалничката со СДСМ, и ги повика Арсовска и Ковачевски, како што рече, како што се договориле за тендерите, така да се договорат и веднаш да најдат решение за превозниците.
-Одговорни за хаосот во градот се неспособноста и тендер интересите на тајната коалиција Арсовски и Ковачевски која што вчера беше признаена во изјава на Ковачевски и тајните средби кои што ги имал со Арсовска. Производ на тајните средби е хаосот во градот а интересот се тендерите. Ги повикуваме Арсовска и Ковачевски да најдат решение со превозниците и да го заштитат јавниот интерес, а тоа е скопјани да имаат јавен превоз, рече Стоилковски.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции