Стив Неш: Одлуката за Ирвинг е незгодна, но има здрав разум
Тренерот на Бруклин нетс, Стив Неш, ја коментираше одлуката на клубот да го отстрани најдобриот играч, Кајри Ирвинг од сите натпревари на тимот додека не ги исполни условите пропишани со протоколите за коронавирус.
– Пред да се донесе конечното решение секој го кажа своето. Ваквите одлуки бараат време. Ова не е лесна одлука. Но, како што ми се чини, има здрав разум и носи целосна јасност за секого.
Ние ќе продолжиме понатаму. Ако нешто се промени и Кајри се врати, тоа ќе биде неверојатно. Тешка беше ситуацијата кога играчот се појави и исчезна. Сега е јасно дека мораме да се фокусираме на новата ситуација и да продолжиме напред, изјави Неш.
Кајри Ирвинг доби суспензија од клубот по одбивањето да се вакцинира. Одлуката се базира на протоколите пропишани од метрополитенската област Њујорк, според кои се забранува влез во јавни затворени простории на невакцинирани лица.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот