Стејт департментот потврди дека руски авион на 29 јануари го нарушил турскиот воздушен простор
Американскиот Стејт департмент ги потврди тврдењата на Анкара дека руски воен авион на 29 јануари го нарушил турскиот воздушен простор, пренесе ТАСС.
- Ги видовме изјавите за тоа и можеме да потврдиме дека на 29 јануари друг руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција и на НАТО, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
„Ја повикуваме Русија да го почитува турскиот воздушен простор и да ја прекине активноста што создава ризик од засилување на нестабилноста во регионот“, кажа портпаролот и додаде дека САД се солидарни со Турција.
- Важно е Русите и Турците да зборуваат едни со други и да преземаат мерки за спречување на ескалацијата, кажа Кирби.
Тој додаде дека не е во американски надлежности на Русите да им се даваат докази за она што тие неправилно го сториле.
- Ова не се обвиненија, туку е факт, изјави Кирби во однос на инцидентот со рускиот воен авион, за кој информираше Турција.
На 30 јануари турското Министерство за надворешни работи посочи дека руски воен авион го нарушил турскиот воздушен простор и појасни дека тоа се случило на 29 јануари и дека авионот е „Су-34“ на руските воено-воздухопловни сили.
Анкара додаде дека пред самото нарушување, турските радарски станици повеќепати на руски и англиски јазик го предупредувале екипажот на авионот дека ќе го наруши воздушниот простор.
Уште на 29 јануари рускиот амбасадор во Турција бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција и Анкара му врачила протест и го осудила настанот.
Русија ги негираше овие тврдења на Анкара.
Ново на Сител
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет