Стефан Василевски и Давор Поповски, кандидати за претседател на СПУКМ

Од денеска почнува изборната кампања за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (СПУКМ). Кандидати за претседател се Стефан Василевски, студент на Медицинскиот факултет и Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ.
Согласно спроведениот јавен повик, како што информира СПУКМ, Василевски е поддржан од шест матични студентски парламенти на УКИМ. Поповски е поддржан од седум матични студентски парламенти на УКИМ.
Кампањата ќе трае до 28 овој месец, а на 29 јуни ќе биде Изборниот молк. Изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ќе се оддржат на 30 јуни, а гласањето ќе трае непречено од 9 до 16 часот на 23 факултети на УКИМ.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
