-->
-->
Стартна победа на младите македонски кошаркари
-->

Јуниорската репрезентација на макеоднија со победа го започна својот настап во Б дивизијата на Европското првенство за играчи до 20 години, чиј домаќин е Унгарија.
Во првиот меч од Ц групата „црвено-жолтите“ славеа победа над Белорусија со 77-72),
Капитенот Андреј Магдевски го потврди епитетот лидер на националниот тим и тоа со „дабл-дабл„ ефект со 20 поени, 13 асистенции и седум скока, одлична партија прикажа кошаркарот на Карпош Соколи, Филип Бакоч, со учинок од 15 поени и 9 скока додека на ниво на задачата беше и центарот Љубомир Младеновски со 13 поени и 8 скока.
Во 2.коло кое на програмата е задутре (сабота) Македонија за противник ќе ја има Ерменија во меч кој ќе започне од 13.30 часот.
Прелиминарната фаза, од која најдобрите два тима одат понатаму, ја завршуваме в недела против Швајцарија (20.15 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
