Старовиќ: Извештајот на ЕК за напредокот на Србија е диктиран од санкциите кон Русија, а не од реформите
Државниот секретар во МНР на Србија, Немања Старовиќ изјави дека годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) со оценки за напредокот на Србија во процесот на пристапување во ЕУ, што вечерва треба да и биде предаден на Србија, преставува „одредена дисторзија во однос на тоа што треба да биде неговата суштина“, поради невоведувањето санкции на Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Се плашам дека тој ќе стави многу поголем фокус на нешто што суштински, дури и формално, не е дел од нашите обврски од пристапниот процес, барем не на тој начин, а тоа е желба на ЕУ и нејзините клучни членки Србија целосно да се усогласи со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, односно да се приклучи на режимот на санкции против Русија, изјави Старовиќ за РТС.
Тој оцени дека целиот извештај ќе биде „обележан со тие тонови“, што, според неговите зборови, претставува „одредена дисторзија во однос на она што треба да биде неговата суштина“.
-Ние направивме многу во однос на внатрешните реформи во изминатата година. Луѓето забораваат дека ние спроведовме и уставни измени. Ако тоа не се суштински реформи кои не водат до полноправно членство во ЕУ, тогаш не знам какви би можеле да бидат тие суштински реформи, рече државниот секретар во МНР.
Старовиќ додаде дека Србија засега не може да се приклучи на санкциите против Русија поради „многу политички причини“, односно заради политичка и економска безбедност и потсети дека околните земји целосно се приклучиле на санкциите, но дека тоа „не е вреднувано од страна на Брисел“.
Дел од извештајот ќе биде посветен на процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, каде што се наведува дека „нема конкретен напредок во сеопфатен и правно обврзувачки договор“ и каде двете страни се ангажирани во оваа работа, а Старовиќ посочува дека таа формулација „не му се допаѓа“, со оценка дека е „лицемерна“.
-Да се каже такво нешто во година кога имаме јасно покажана шема на еднострано дејствување на Приштина, еднострани мерки кои по правило им штетат на Србите кои живеат на територијата на нашата јужна покраина (Косово), а кои по правило се спроведуваат со закана од насилство е крајно и апсолутно несоодветно, истакна тој.
Во нацрт-извештајот до кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап, се нагласува дека Србија не се усогласила со санкциите против Русија, кои ЕУ и ги воведе на Москва како одговор на агресија во Украина.
-Низа акции и изјави на Србија беа во спротивност со надворешнополитичката позиција на ЕУ. Од Србија како приоритет се очекува да ги исполни своите обврски и постепено да се усогласува со рестриктивните мерки на ЕУ во согласност со преговарачката рамка на Србија, се нагласува во документот.
Стапката на усогласеност на Србија со европската заедничка надворешна политика „значително е намалена“ од 64 отсто во 2020 година, на 45 отсто, се наведува во годишниот извештај на ЕК.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
