Старите дозволи за движење ќе бидат валидни и за време на новиот полициски час
Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи.
Владата на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот заради нивно усогласување со Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20).
Овие дозволи ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. При тоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот. Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.
Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа