-->
-->
Старец се бори за живот - Возач на градски автобус тргнал со отворени врати
-->

Полицијата во Ниш поднесе кривична пријава против возач на автобус за дела против безбедноста во сообраќајот, бидејќи поради него старец се наоѓа во кома.
Како што објавува српскиот портал Курир, Д.И. заработи кривична пријава откако возел со отворени врати, при што од автобусот паднал 86-годишниот Драгољуб Манчин.
Настанот се случил на 6 мај во населбата Дуваниште, кога автобусот кренал пред да се затворат вратите, по што старецот загубил контрола и паднал од него. Се здобил со тешки повреди на главата, се наоѓа во неконтактибилна состојба и лекарите прават се за да го одржат во живот.
Роднина на Драгољуб е огорчена од тоа што се случило.
-Беше кај нас на ручек, се качи на автобус и сега ете се бори за живот. Го оставивме на автобуска постојка и тргнавме, а на пола пат ни се јавија од полицијата да не известат што се случило, вели тој.
Сега старецот се наоѓа во кома и се бори за живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
