Стаорци, лилјаци, змии, мајмуни, кучиња... - ова е пазарот „извор“ на коронавирус

Изворот на смртоносната епидемија на коронавирус се чини дека е пазарот во Вухан.
Коронавирусот брзо се шири во Кина, како и во другите делови на светот. Џонатан Рид, експерт за динамиката на пренесување на заразни болести, во новиот научен труд предвидува дека за две недели бројот на заразени во епицентарот на вирусот, во градот Вухан, ќе биде поголем од 190.000.
Откако беше развиен тестот за новиот коронавирус, докажано е дека сите оние кои први биле заразени го посетиле пазарот во Вухан, работеле таму или имале членови на семејството кои работат таму, пренесува „Аваз“.
Иако се нарекува пазар на морски плодови Хуанан, на овој пазар се продава многу повеќе од морска храна. На таквите пазари, покрај мртва и жива живина и добиток, можат да се најдат и разни живи диви животни: птици, зајаци, стаорци, лисици, лилјаци, змии и други влекачи, магариња, камили, па дури и мајмуни.
Непотребно е да се каже дека чувањето на сите овие животни на мала област, нивниот постојан контакт со трговците и самите клиенти, а често и нивното колење на самото место, е идеално за ширење на вирусите што некои од нив може да ги носат.
Во некои делови на Кина, и покрај официјалните забрани, некои животни, како што се риба, ракчиња, змии, па дури и глувци, магариња и мајмуни, се јадат додека се живи, бидејќи суровото месо од живи животни во традиционалната кинеска медицина се смета за особено здраво.
„Бизнис-инсајдер“ пишува дека овие пазари се нарекуваат и влажни заради крвта, бидејќи месарите често колат животни пред клиентите.
Во такви околности, вирусите имаат можност да развијат мутации кои им овозможуваат преминување на бариерата на видовите и да премнат од животни на луѓето, пренесува НН.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
