Стаменковска Стојкоски: Спасовски да ја разреши директорката на Агенцијата за вработување Јовановска

Заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски бара премиерот Оливер Спасовски да ја разреши директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и да поведе постапка за нејзина одговорност за, како што вели, непостапување, нестручно и незаконско работење.
Стаменковска Стојковски денеска изјави дека иако со дописи од 17 минатот месец побарала од АВРМ детален табеларен преглед на пријави и одјави од работен однос за државен и јавен сектор одвоено и вкупно досега не добиле целосни и точни податоци. Наместо тоа, како што рече, директорката ни испрати хаотичен преглед што укажува на опструкции и прикривање на вистината од граѓаните за бројот на вработените во јавниот сектор.
Според Стаменковска Стојкоски, Јовановска во Агенција за вработување е именувана во 2017 година, без да ги исполни условите од законот за именување на директор и, како што наведе, очигледно ги исполнува потребите на СДСМ и Зоран Заев.
Заменик министерката за информатичко општество и администрација тврди дека Јовановска, вработува и распоредува вработени спротивно на закон и годишен план за вработување, како и дека вработените се под постојани притисоци со дисциплински постапки, закани и распоредувања од 100 км, 150 км, и 170 км, во еден правец, од адресата на живеење до работното место.
– Од тројца овластени претставници на синдикат, двајца се со по најмалку две отказни решенија додека третиот по препорака од Владата е распореден од Велес во Скопје. Неподобните немаат право на годишен одмор. Оценувањето не се спроведува. Се вработуваат лица без соодветно работно искуство, ….рече Стаменковска Стојкоски, дополнувајќи дека законите и прописите во државата мора да се почитуваат.
Ново на Сител
-

Иселеници од Минхен донираа спирометар за струмичката спортска медицина
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
