Македонија
8. December 2025 - 16:29

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари

“Сејф Сити” го намали бројот на сообраќајни несреќи со тешки последици по учесниците, но не и нивниот број. Од скопската Брза помош велат дека со стартување на пробниот период на системот што ќе ги конролира и казнува сообраќајните пекршоци, имале повеќе повици за верижни несреќи по улиците. Возачи наместо напред, гледале во брзинометарот дали возат согласно дозволената брзина.   

- Повеќе вниманието на возачите колкава е брзината со која возат, шалт табата е пред нив и таму се сконцентрирани отколку на другиот момент. Е тогаш тие кочења, вниманието имаме верижни сообраќајки  каде неколку возила по ред се судрени. Така да кога почна првичното Сејф Сити како пробен период немаме со тешки последици како што сме имале претходно, но се јавува како проблем во функционирањето на сообраќајот кај нас, вели д-р Александра Пејовска, шеф на смена во Брза помош – Скопје. 

Освен маките на возачите да ја прилагодат брзината согласно сообраќајните правила, овој период на удар се и лицата со хронични заболувања кај кои временските услови предизвикуваат компликации по здрасвтената состојба. Најмногу јавувања во Брза помош има од пациенти со астма и хобб а зголемен е и бројот на мозочни удари. 

- Промените на времето, зџаладувањето ,врнежите, влажноста на воздухот значи сето тоа зне пропратно да делува, тука се и варијациите на крвниот притисок и хроничните пациенти сето тоа го чуствуваат и знае да се одрази на нивната состојба, вели д-р Пејовска. 

За продолжениот викенд од Брза помош велат дека немаат зголемен број на повици, но ги советуваат пациентите со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата и да побараат лекаска интервенција при влошување на состојбата. Учесниците во сообраќајот, пак, да ги почитувбаат сообраќајните правила и прописи.