ССМ најавува кампања за мобилизирање ново членство

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го прослави Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, со почнување кампања за организирање и мобилизирање ново членство.
Како што најавува во денешниот Првомајски проглас, кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права
ССМ, стои во Прогласот, и оваа година ќе бара вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места спроведување индустриска демократија, унапредување на информирањето и конслутирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемни плати, економска и родова еднаквост и обезбедување на збогатени социјални права и стандарди за сите работници.
- И оваа година ќе бараме од сите социјални партнери збогатување на социјалниот дијалог, унапредување на колективното преговарање преку зајакнување на институционалната рамка во Законот за работните односи, како и потпишување и имплементирање протокол за социјален напредок, се наведува во Прогласот.
Сојузот на синдикатите на Македонија им го честита празникот на сите работници и граѓани на Република Македонија во името на, како што наведува, историската традиција и борба за обезбедување социјална правда и индустриска демократија, повикувајќи се на потребата од се поголема социјална инклузија, еднаквост, рамноправност, политичка, етничка, верска и национална толеранција, економски раст и развој на работничките права.
- Први мај е ден кога ја славиме историската борба на работниците за подобри работнички права, посигурни работни места, подобра и посигурна социјална и економска положба на нив и нивните семејства, пишува ССМ во Првомајскиот проглас.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
