ССМ: На чекор сме до зголемување на платите од 2.806 денари во јавниот сектор
Преговорите за усогласување на платите во јавниот сектор значат системско и солидарно зголемување на платите за 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор.
Денеска ги започнавме преговорите за изготвување на нов Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор. ССМ како најголем и во моментов единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор на национално ниво заедно со Владата како социјален партнер ги започна преговорите кои ср очекува да завршат набрзо.
ССМ има предлог на линеарно покачување од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор и предлог да го вратиме правото кое е изгубено со потпишување на ОКД за јавниот сектор во 2008 година, а тоа е правото на исплата на регрес за годишен одмор за СИТЕ вработени во јавниот сектор!
Стариот ОКД за јавниот сектор е потпишан во 2008 година, но време е да се подготви нов поради неколку причини:
- Усогласување на платите во јавниот сектор, со минималната плата, што ќе биде солидарен пристап за сите вработени
- Конечно враќање на исплатата на К-15 во јавниот сектор во износ од најмалку 30% до 100 %.
- Утврдување на методологија за пресметка на плати
Договорено е , новиот ОКД треба да биде целосно усогласен со новиот ЗРО кој е во подготовка.
Предложеното од ССМ линиеарно покачување во износ од 2806 денари, за сите вработени во јавниот сектор е покачување кое Државата и економија можат во моментов да го издржат, секако имајќи ја предвид целокупната ситуација, а без притоа да се предизвика допонителна инфлација.
Охрабрува тоа што Владата има слух за сите барања, а се разгледуваат сите форми кои ќе бидат разумни за сите и нема да одат на штета на никого.
ССМ нема да дозволи политичка манипулација на грбот на работниците, пред се во образованието и укажува дека новиот ОКД за јавен сектор ќе овозможи сите страни и да се вратат назад во регуларно работење, да ги добијат заслужените плати како и сите вработени во јавниот сектор да ја добијат потребната сигурност и заштита.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
