ССК ја зајакнува соработката со општина Гази Баба

Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша меморандум со општина Гази Баба со кој се зајакнува соработката меѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа.
Со потпишувањето на меморандумот се формира и деловен клуб во кој ќе членуваат околу 15 компании кои делуваат на ниво на општината и претставници од менаџментот на Гази Баба.
Преку деловниот клуб се очекува да се поттикне дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и да се создадат поволни услови за водење бизнис и инвестирање.
Меморандумот го потпишаа заменик-претседателот на Комората Сеад Кочан и градоначалникот Тони Трајковски.
- Гази Баба е препознатлива како општина во која има голем број компании. Интензивно работиме на подобрување на нивните услови за работа и можноста за проширување на нивните капацитети и отворање на нови работни места. Во следниот период планираме поинтезивно да работиме на локацискиот потенцијал за отворање на нови компании, посебно во делот на обиколницата, истакна градоначалникот Трајковски.
Тој најави до крајот на летото финализирање на деталниот план за обиколницата и на планот за комплексот Железара.
Според Кочан, се работи за добра иницијатива преку која двете страни ќе се обидат да изнајдат решенија за определени предизвици со кои се соочуваат.
- Ќе се потрудиме да ги детектираме предизвиците со што ќе се унапреди работењето. Со оглед на тоа дека има голем број компании и индустриски капацитети во оваа општина се надеваме дека кон оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други фирми кои не се членки на ССК. Само развиена општина со добра инфрастуктура и ефикасна администрација може да биде предуслов за успешен економски развој, рече Кочан.
Од Сојузот на стопански комори најавуваат зајакнување на соработката и со останатите општини.
Ново на Сител
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
