„Српски Телеграф“: Србија дозволи извоз на брашно во Македонија
Влада на Србија официјално дозволи извоз на брашно во земјите од регионот, меѓу кои и во Македонија, објави денеска белградскиот весник „Српски Телеграф“.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција најави дека и покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.
Како што пишува „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија.
– Од Одлуката за забрана е избришана ставката „брашно од пченица“, која се наоѓаше меѓу останатите 36 други ставки, наведува „Српски телеграф“.
Ново на Сител
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена